Енергетска криза
Се очекуваат понудите за набавка на гас
21.10.2022 17:21
Се бараат вкупно 225 милиони нормални метри кубни за шест месеци. Во вторник треба да се знае кој ќе биде добавувачот...

Се очекуваат понудите за набавка на гас за потребите на скопските електрани. За прв пат пазарот функционира либерално, според првиот човек на ЕСМ, на отворениот повик во изборот основен критериум ќе биде најниската понудена цена со гаранција дека количините не енергенсот ќе бидат испорачани за задоволување на потребите на топланите и ТЕ-ТО.
Се бараат вкупно 225 милиони нормални метри кубни за шест месеци. Во вторник треба да се знае кој ќе биде добавувачот, a за тогаш ЕСМ најави и детали кој се пријавил и како се правел изборот.
