Со елиминирање на предрасудите во борба против говорот на омраза
Младите се повеќе ги шират предрасудите и дискриминацијата, повикуваат на насилство и инциденти. Наместо да служат како пример, некои политички партии ги повикуваат своите симпатизери да предизвикуаат инциденти за време на изборите...

Интернетот и социјалните мрежи се просторот каде што најмногу владее говорот на омраза. Она што се пишува во виртуелниот свет, станува реалност. Младите се повеќе ги шират предрасудите и дискриминацијата, повикуваат на насилство и инциденти. Наместо да служат како пример, некои политички партии ги повикуваат своите симпатизери да предизвикуаат инциденти за време на изборите.
„Апелирам до сите граѓани, да не подлегнуваат под никакви притисоци, никакви повици за учество во недолично однесување рече министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска.
Насилното и недолично однесување е ралност и во спортот.Наместо фер игра на терените, навивачите се тие кои си ги одмеруваат силите силите на спортските трибини. Кампањата против говорот на омраза треба да го искорени ова зло, тврдат надлежните.
„Преку реализација на низа активности да се подигне свеста за говорот на омраза на интернет, со сите свои ризици за демократијата и младите луѓе. Да ги поддржи луѓето во борбата за човековите права“, рече Марјан Спасески директорот на Агенцијата за млади и спорт.
„Ги повикавме младите луѓе да се вклучат во капмањата и во овие неколку месеци се обидовме да вклучиме голем број на организации“, изјави Зорица Стаменковска, национален координатор на кампањата против говорот на омраза.
Пред студентите на УКИМ, надлежните ги презентираа активностите што се постигнати досега од кампањата против говорот на омраза.
Викторија Тодоровска
