Македонија

Потпишан договор за меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Шуто Оризари

21.10.2022 18:04

Во општината Шуто Оризари граѓаните се соочуваат со многубројни предизвици, а на барање на жителите еден од приоритетите е за првпат изградбата на улицата „Македонско косовска бригада“ крак 18...

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш денес потпишаа договор за меѓуопштинска соработка, со што Градот Скопје за првпат целосно ја финансира изградбата  улицата „Македонско косовска бригада“ крак 18 како и партерното уредување на спортската сала со цел унапредување на можностите и воведување нови содржини во општината. Проектите по налог на Град Скопје ќе ги изведе јавното претпријатие Улици и патишта Скопје.

Во општината Шуто Оризари граѓаните се соочуваат со многубројни предизвици, а на барање на жителите еден од приоритетите е за првпат изградбата на улицата „Македонско косовска бригада“ крак 18. Со реализацијата на овој проект, граѓаните на Шуто Оризари добиваат над 1.170 квадратни метри нова патна инфраструктура и решение за дологодишните проблеми во овој дел од градот, а партерното уредување на спортската сала е едно од барањата истакнати од страна на општина Шуто Оризари.

Главната цел на тековните градежни активности е во Скопје повеќе да нема заборавени населби, туку градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел- информираат од Град Скопје.