Регион

Косово- Србија: Се интензивира меѓународното посредништво

21.10.2022 18:52

Посетата на специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, на Приштина, во јавноста се толкува како дел од интензивираното вклучување на меѓународниот фактор во процесот на преговори меѓу Приштина и Белград.

Се интензивира меѓународното посредништво за наоѓање решение за косовското прашање.

Посетата на специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, на Приштина, во јавноста се толкува како дел од интензивираното вклучување на меѓународниот фактор во процесот на преговори меѓу Приштина и Белград.

Претходно во ненајавена посета на Приштина, на средба со премиерот Курти, беше и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот, Мирослав Лајчак.