Велика Британија
Можно враќање на Џонсон на премиерската функција?
21.10.2022 20:17
Доколку Џонсон се врати на премиерската функција, тоа би бил настан без преседан во британската политичка историја...

Хаосот во редовите на британските конзервативци предизвикан од оставката на премиерката Лиз Трас, забрзано ескалира. Како најсериозни кандидати се споменуваат имињата на Риши Сунак, Пени Мордон и Борис Џонсон.
Доколку Џонсон се врати на премиерската функција, тоа би бил настан без преседан во британската политичка историја, само неколку недели откако беше принуден да се повлече токму од пратениците на ториевците по серија скандали.
