Свет
ЕУ: Договорена рамка за справување со енергетската криза
21.10.2022 19:10
Лидерите на ЕУ постигнаа консензус само за широка рамка за справување со ценовниот шок од енергетската криза во наредниот период.

И покрај оптимистичкиот тон на претседателите на Европскиот совет, Шарл Мишел и на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, лидерите на ЕУ постигнаа консензус само за широка рамка за справување со ценовниот шок од енергетската криза во наредниот период.
Тоа предвидува да се работи на намалување на цените, да се обезбеди сигурност на снабдувањето и да се работи за гарантирање на побарувачката.
Освен тоа воведена е и „клаузула на доверба“. Врз основа на оваа рамка, министрите за енергија на ЕУ следниот вторник треба да седнат и да изработат конкретни предлози.
