Временска прогноза

Сончево, претпладне магла и ниска облачност по одделни котлини

22.10.2022 09:29

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-1 до 7, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени Целзиусови...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-1 до 7, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени Целзиусови.

Во Скопје претпладне ќе биде магливо и со ниска облачност, а попладне сончево. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 18 степени.

Времето, според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во наредните денови ќе се задржи претежно сончево, а од утре ќе биде значително потопло со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.