Според САД, во Москва не постои интерес за крај на агресијата
Украинците го започнаа и овој викенд со сирени за тревога за воздушна опасност. Сè укажува на тоа дека претседателот Путин наместо да изрази волја да се вклучи во суштинска дипломатија, продолжува да оди во спротивната насока, вели државниот секретар на САД, Ентони Блинкен...

Украинците го започнаа и овој викенд со сирени за тревога за воздушна опасност. Најкритично во Сум, Николаев и Харков. Дел од жителите на Киев без електрична енергија, непријателските сили и натаму целат кон енергетската инфраструктура.
„Окупирани сме, студено е, се криеме во подруми, не можевме да останеме во станот. Воопшто не е пријатно, ама немаме избор“.
„Не можам ни да учам зашто прекинува конекцијата на интернет со наставниците. Ми умира желбата за студирање. Ништо не функционира“.
Според САД, во Москва не постои интерес за крај на агресијата.
„Сè укажува на тоа дека претседателот Путин наместо да изрази волја да се вклучи во суштинска дипломатија, продолжува да оди во спротивната насока. Ги разгледуваме и ќе ги разгледуваме сите средства за подобрување на дипломатијата ако видиме можност за тоа“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.
На почетокот на месецов, шефот на руската дипломатија Лавров изјави дека постои клима за соработка со САД и Турција за прекин на војната која влезе во осмиот месец, но додаде дека Москва сè уште не добила сериозен предлог за преговорите.
