Италија

Мелони ја формира новата влада, идната недела гласање доверба

22.10.2022 09:51

Лидерката на десничарската партија „Браќа на Италија“ ќе ја води најдесничарската влада во земјата од Втората светска војна. Новиот кабинет се соочува со големи предизвици, вклучувајќи рецесија, зголемени цени на енергијата и војната во Украина...

Џорџа Мелони ја формираше новата владејачка коалиција на Италија. По положувањето на заклетвата, кабинетот идната недела ќе се соочи со гласање доверба во двата дома на парламентот.

Лидерката на десничарската партија „Браќа на Италија“ ќе ја води најдесничарската влада во земјата од Втората светска војна. Новиот кабинет се соочува со големи предизвици, вклучувајќи рецесија, зголемени цени на енергијата и војната во Украина.