САД

ФБИ: Во куќата на Трамп се пронајдени чувствителни податоци за Кина и Иран

22.10.2022 10:27

Според „Вашингтон пост“, тајните документи содржат информации за разузнавачките операции во однос на Пекинг, а еден од нив е посветен и на нуклеарната програма на Техеран. Министерството за правда истражува дали поранешниот претседател на САД ги прекршил законите со преземањето на документите по напуштањето на функцијата...

„При претресот во домот на Доналд Трамп на Флорида се пронајдени чувствителни податоци за Иран и Кина“, тврди ФБИ.

Според „Вашингтон пост“, тајните документи содржат информации за разузнавачките операции во однос на Пекинг, а еден од нив е посветен и на нуклеарната програма на Техеран. Министерството за правда истражува дали поранешниот претседател на САД ги прекршил законите со преземањето на документите по напуштањето на функцијата во 2021 година.

Во меѓувреме, одборот на американскиот Конгрес му испрати официјална покана на Трамп да сведочи за нередите во Капитол Хил на шести јануари лани во кој имаше жртви.