Внимателно со диклофенакот-предупредува Српската агенција за лекови

24.04.2014 15:23

Лекарите повнимателно да го препишуваат лекот диклофенак заради ризик од појава на артериска тромбоемболија

Лекарите повнимателно да го препишуваат лекот диклофенак заради ризик од појава на артериска тромбоемболија. За тоа ќе добијат и дополнителни упатства кому, како и кога е неопходно да му го препишат лекот,изјави за Танјуг портпаролот на Српската агенција за лекови Александар Туцаковиќ, дополнувајќи дека овие лекови не се повлекуваат од Србија, туку се преземаат мерки на претпазливост. Диклофенакот е контраиндициран кај пациенти со конгестивна инсуфициенција на срцето, болести на периферните артерии или цереброваскуларни болести. За пациентите кои имаат висок притисок, покачени масти, дијабетес, мора внимателно да се проценат ризиците пред да ја земат терапијата. Во соопштението на Агенцијата стои дека и сите пациенти треба да применуваат најмала ефективна доза во најкус можен период потребен за контрола на симптомите.

Соња Стојановска