Македонија

Тетовските занаетчиите на удар на енергетската криза

22.10.2022 14:32

Занаетчиите на голем удар од енергетската криза. Високите сметки за струја главна причина за затворање на голем број фирми во Тетово. Експертите решението го гледаат во владините мерки и субвенции, кои се неопходни, стопанствениците да го издржат дополнителниот товар, од високите сметки...

Ударот од корона кризата го издржаа со помош на владините субвенции, но со енергетската криза, голем број фирми кои се занимаваат со занаетчиска дејност, ставија клуч.

Од Занаетчиската комора Тетово, велат дека во последно време, секој втор доаѓа да побара бришење на фирмата, особено занаетчиите – поединци, кои со тоа што ќе го заработат, не можат да ја платат високата сметка за струја во локалот, кој го имаат земено под закуп. Досега за затворени триесетина фирми.

И поголемите фирми очекуваат помош и субвенции од Владата, во спротивно и на нив им се заканува клуч. Нивното затворање можеби не во толкава голема бројка, но и сега е евидентно, говорат информациите на Агенцијата за поддршка на претпријатијата „ЕСА“ Тетово.

Инаку 80% од дејностите во Тетово се занаетчиски, останатите се трговски и угостителски објекти и такси компании.

Зоран Димовски