Започна Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола
Битола по 16-ти пат ја подигна завесата на интернационалниот фестивал на монодрамата. Актери од 12 земји од светот и од Македонија во наредните шест дена ќе се претстават со своите достигнувања во најтешката театарска форма...

Со синоќешната вон конкурентска претстава ,,Аферата Елсинор“ во режија на Љубиша Горгиевски означен стартот на 16-тото издание на интернационалниот фестивал на монодрамата. Во следните шест фестивалски вечери во областа на еден од најтешките театарски жанрови во официјалната конкуренција ке можат да се проследат најдобрите актерски оствараувања од дванаест земји во светот.
„Имавме темелна селекција. За да се опредлиме за овие дванаест остварување пресуден беше нивниот квалитет, истовремено гледавме да опфатиме што повеќе еминентни актерски имиња од повеке земји“, вели селекторот Петар Мирчевски.
Фествалот кој по традиција е првиот во низата меѓународни културни настани уште на самиот почеток покажа дека се она што е поврзано со културата за битолчани е привлечно.
„Предизвикот е уште поголем што монодрамата како жанр е нешто посебно. Од она што можам да видам што нуди програмата не се сомневам дека ке имаме уште едно квалитетно културно доживување“, рече Јелена Петровиќ.
„Културата е она што му дава смисла на живеењето, не останува нешто друго посебно ако неа ја отфрлиме“, вели Владо Ивановски.
За да таа смисла на фестифалот кој од година во година расте и по квалитет и по квантитет организторо на располагање ги стави сите свои потенцијали.
„Ќе ги задоволиме сите потреби на публиката и учесниците. Во функција се ставени сите пет сцени, сите човечки технички потенцијали“, вели директорот на центарот за култура Борче Димитровски.
Тоа беше неопходно затоа што годинешнава програма навистина е обемна. Освен синоќешната надвор од конкуренција ке бидат одиграни уште четири театарски претстави.
Стевче Митревски
