Честитка од Пендаровски по повод Денот на македонската револуционерна борба
„На овој ден се потсетуваме на храбрите млади луѓе кои, не можејќи да се помират со тешката состојба на обесправениот македонски народ, во 1893-та година ја формираа македонската револуционерна организација“, стои во честитаката на претседателот Пендаровски...

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
„На овој ден се потсетуваме на храбрите млади луѓе кои, не можејќи да се помират со тешката состојба на обесправениот македонски народ, во 1893-та година ја формираа македонската револуционерна организација. Инспирирани од оваа идеја, генерации родољуби се вклучија во долгата борба за слободна македонска република, втемелена врз идеалите на правда, слобода и достоинствен живот во која ќе има место за секој маж и жена, независно од народност, јазик и вера“, стои во честитката на претседателот Пендаровски.
