Пратениците на Руската Дума бараат истрага против Горбачов
Да се испита законитоста на процедурата за распадот на Советскиот Сојуз и одговорноста на последниот претседател на СССР Михаил Горбачов- 5 руски депутати од Думата поднесле барање до Јавното обвинителство на Русија

Двајца се од владеачката партија Единствена Русија, двајца се комунисти и еден од Либерално демократската партија . Бараат одговор дали има вмешано други држави-Оваа информација на Гласот на Русија ја пренесува Танјуг.
,, Сметаме дека со одговорот на барањето ќе добиеме и оценка за правната основа на државноста на сите поранешни републики, за усвојување на Уставот, што ќе дадат основа за промена на сите документи кои се однесуваат да речеме на украинскиот суверенитет“-изјавил депутатот на Единствена Русија Евгениј Федоров.
Горбачов го обвинуваат за основањето на државниот совет на СССР којне бил предвиден со Уставот, а носел одлуки за признавање на независноста на прибалтичките советски републики.
Горбачов реагирал на ова оптужување со оценка дека е непромислено и брзоплето и дека пратениците сакаат да го свртат вниманието кон себе. ,, Кога ме обвинуваат дека ја дадов источна Европа им одговарам-На кого ја дадов?Пољаците на Полска, Чесите и Словаците на Чешкаи на Словачка, Унгарија на Унгарците“ –изјавил Горбачов.
Обвинителството треба да одговори на барањето на руските депутати.
СССР престана да постои на 25 декември 1991 година, а негов наследник е Руската федерација. Се распадна по потпишување на споразум од страна на лидерите на сојузните републики во Бјеловеж.
Соња Стојановска
