Руско-украински конфликт

Земјите на Г7 го осудија киднапирањето на персоналот во централата во Запорожје

23.10.2022 11:15

Руската воена управа нареди итна евакуација во Херсон поради разгорените битки. Официјален Киев тврди дека силите под команда на Москва истрелале 36 ракети...

Руската воена управа нареди итна евакуација во Херсон поради разгорените битки. Официјален Киев тврди дека силите под команда на Москва истрелале 36 ракети.

Земјите на Г7 со осуда за руското киднапирање на раководството на нуклеарната централа во Запорожје. Комплексот се наоѓа во градот Енергодар и е под контрола на руските сили од март.

На почетокот на месецов, претседателот Путин потпиша указ со кој нуклеарката Запорожје се става во сопственост на Русија. Премиерот Михаил Мишустин потпиша владин декрет за мерки за поддршка на граѓаните кои се повикани на делумна мобилизација.