Свет

Во Словенија се избира претседател на државата

23.10.2022 11:44

Гласачите бираат наследник на актуелниот претседател Борут Пахор чијшто втор мандат истекува во декември и според Уставот нема право да се кандидира. Анкетите покажуваат предност на кандидатот на Словенечката демократска партија Анже Логар...

Претседателски избори во Словенија, седми по ред од независноста. Доколку се оди на втор круг, истиот ќе биде одржан на 13-ти ноември.

Гласачите бираат наследник на актуелниот претседател Борут Пахор чијшто втор мандат истекува во декември и според Уставот нема право да се кандидира. Анкетите покажуваат предност на кандидатот на Словенечката демократска партија Анже Логар. Во трка се седуммина кандидати.