Странските набљудувачи се надеваат на мирни и демокрастки избори во недела

24.04.2014 15:42

На средбата со претседателот на Собранието се разговарало за претстојните престедателски и предвремените парламентарни избори, закажани за 27 април...

Странските набљудувачи се надеваат дека изборниот ден ќе мине во фер и демократска атмосфера. Ова било истакнато на средбата на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, со претставниците на ОБСЕ.

На средбата се разговарало за претстојните престедателски и предвремените парламентарни избори, закажани за 27 април.

На средбата, како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба, Вељаноски изрази задоволство од првиот круг на претседателските избори кој помина во најдобар ред, без ниту еден инцидент, ниту пред, ниту на самиот ден на гласањето и воедно изрази уверување дека во иста атмосфера ќе помине и изборниот процес на 27. април.

Присутните беа запознаени со текот на усогласувањето и донесувањето на измените на Изборниот законик, прифатени и од власта и од опозицијата, односно донесени и имплементирани со консензус, како значаен предуслов за непречено одвивање на изборниот процес и прифаќање на резултатот, од сите субјекти вклучени во процесот, односно прифаќање на волјата на граѓаните иразена преку остварување на правото на глас.