Активен пристап на институциите и семејството во превенција на малолетничките тепачки
За превенирање на малолетничките групни тепачки, генерално договорени преку социјалните мрежи, потребна е сеопфатна активност на надлежните институции и семејството. Психолозите со став, неопходно е повеќе внимание за менталното здравје и потреби на младите...

Со сеопфатен и активен пристап на семејството, наставниците, психолозите треба секојдневно да се делува за потребите и проблемите на младите и нивната желба за самодокажување и видливост во општеството смета Мирјана Јовановска психолог.
Последните групни тепачки меѓу малолетници во својата суштина имаат влијание и од социјалните мрежи од каде најчесто агресијата почнува.
Репресивните мерки се последна активност на МВР, работата на јакнење на довербата кон институциите е дел од кампањите на МВР во кои се вклучени и ученици.
Во август и септември, МВР бележи 20 вакви настани од кои 6 за време на викендите. Во СВР Скопје во последниов месец се пријавени 19 случаи на групни тепачки во кои 10 извршители се малолетни лица. За останатите учесници во тепачките МВР ја утврдува возраста и работи на расчистување на случаите.
Билјана Јанакиеска
