Трет претседателски мандат на Џинпинг
Си Џинпинг го заврши својот говор со покана до странските новинари да ја посетат Кина. Централниот комитет денеска избра и 24 членови на политбирото. Путин му го честиташе на Си Џинпинг реизборот за генерален секретар на Централниот комитет на кинеската Комунистичка партија....

Претседателот на Кина, Си Џинпинг, и официјално го доби третиот мандат за лидер на земјата и генерален секретар на Комунистичката партија. Избрани сè уште шестмина членови на постојаниот комитет на политбирото на партијата за идните пет години. За премиер е назначен поранешниот лидер на Шангајската партија, Ли Кијанг. Партијата ќе стане непобедлива само ако си дозволи да се промени, порача Џинпинг во обраќањето. Посочи дека Кина не може да се развива без светот и дека и на светот му е потребна Кина.
„Полни со самодоверба, тргнуваме на патот да ја направиме Кина уште помодерна социјалистичка земја во сите погледи, сакаме да ја освежиме кинеската нација на сите фронтови и да се впуштиме во уште поголема модернизација. Кина мора да остане на висока готовност, како студент на испит кој никогаш нема да заврши. Кина била и ќе остане многу важна за напредокот на целиот свет и дека нема да отстапи од нејзините принципи, а тоа се брзиот економски раст и долгорочната стабилност“, изјави кинескиот, Си Џинпинг.
Си Џинпинг го заврши својот говор со покана до странските новинари да ја посетат Кина. Централниот комитет денеска избра и 24 членови на политбирото. Путин му го честиташе на Си Џинпинг реизборот за генерален секретар на Централниот комитет на кинеската Комунистичка партија. Рускиот претседател изразил уверување дека одлуките на Конгресот ќе придонесат за успешно спроведување на големите социо-економски задачи на Кина и за зајакнување на позицијата на земјата на меѓународната сцена.
Сунчица Николоска
