Битиќи - Ковачевски: РЕК Битола работи со целиот расположлив капацитет
РЕК Битола работи со целиот расположлив капацитет за непречено 100% обезбедување на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Ова е вистинскиот одговор на кризата, уверува вицепремиерот Битиќи. За десетина дена во функција ќе биде ставен и третиот блок. Штедењето на електрична енергија продолжува да биде одговорност за сите, велат од Владата …

РЕК Битола работи со целиот расположлив капацитет за непречено 100% обезбедување на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Ова е вистинскиот одговор на кризата, уверува Битиќи. Посочи дека се преземаат сите мерки за да се обезбеди доволно електрична енергија. Заедно со директорот на ЕСМ Ковачевски имаа работен состанок со раководството и дел од производните единици на РЕК Битола.
Битиќи и Ковачевски го посетија и рудникот „Суводол“. Посочија дека има значителен ископ на домашен јаглен за производството на РЕК Битола, а со тоа и зголемено производство на електрична енергија. Ковачевски информира дека блок 2 континуирано е во функција, завршил ремонтот на термоелектраната и успешно е ставен во функција и блок 1. За да се стави во функција и третиот блок, се очекува да пристигне трансформатор за него. Со тоа ќе а бидат во функција сите три блокови.
„Даваме силна поддршка на вработените, во овие тешки услови да ги исполнат плановите, бидејќи имаме обврска од владата и граѓаните да испорачаме 25% поголемо домашно производство на електрична енергија во текот на оваа година со цел пребродување на кризата. А, притоа да немаме рестрикции и да ја одржиме стабилна цената на електричната енергија“, рече директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Од АД ЕСМ известија дека вчера произвеле 12.040 mwh електрична енергија со што целосно ги задоволиле потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети. Битиќи и Ковачевски потсетија дека мора да се штеди и разумно да се троши електрична енергија.
Наташа Гркова Петрушевска
