Дипломатија

Шефот на македонската дипломатија Османи во прва посета на Јордан

23.10.2022 18:15

Шефот на јорданската дипломатија со став – двете земји сакаат да ги унапредат односите во многу витални области и да воспостават правна рамка за олеснување на економската соработка. Османи се заблагодари за недвосмислената поддршка на Јордан за членството на Македонија во Унијата за медитеранот...

Интензивирање на односите особено во делот на економијата, бизнисот и културата меѓу Македонија и Јордан. Ова е договорено на средбата меѓу шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и јорданскиот колега Ајман Сафади во Аман. Шефот на јорданската дипломатија со став – двете земји сакаат да ги унапредат односите во многу витални области и да воспостават правна рамка за олеснување на економската соработка.

„Неговото височество кралот, го прими поранешниот македонски претседател во 2018-та та година и оттогаш траат разговорите меѓу нас. Денеска разговаравме за зголемување и промовирање на туристичката соработка и можностите за воспоставување на директен лет меѓу двете земји, за културната соработка и други сфери“, зијави Сафади.

Османи се заблагодари за недвосмислената поддршка на Јордан за членството на Македонија во Унијата за медитеранот. Потпишани и повеќе договори и протоколи.

„Одличното ниво на соработка да се интензивира со зголемена динамика бидејќи ја делиме истата посветеност за мир и стабилност, констатирано на пресконференцијата“, изјави Османи.

Марија Котовска