Штип: Изгаснат е пожарот кој избувна во станбена зграда, изгореа два стана
Командирот на Територијалната противпожарна единица потврди дека извлекувањето на последниот станар е извршено со помош на полицијата, бидејќи не сакал да излезе од својот дом.
Изгаснат е пожарот кој избувна во станбена зграда во Штип, при што изгореа два стана. По неколку часа, синоќа беше евакуиран и последниот станар.
Командирот на Територијалната противпожарна единица потврди дека извлекувањето на последниот станар е извршено со помош на полицијата, бидејќи не сакал да излезе од својот дом.
Претходно, штом избувнал пожарот, беа евакуирани сите станари. Струјата во зградата е исклучена, а полицијата изврши увид за да се утврдат причините за пожарот.
Огнот избувнал во стан во кој немало струја. Според соседите, ова не е првпат тој да се запали. Се сомневаат дека пожарот настанал од запалена свеќа.
