Велика британија
Сунак фаворит за премиер, Џонсон се повлече
24.10.2022 09:43
Ако биде избран, Сунак ќе биде првиот премиер со индиско потекло во Обединетото Кралство...
Поранешниот министер за финансии Риши Сунак е најсериозен кандидат да ја замени Лиз Трас. Поранешниот премиер Џонсон се повлече од трката за британски премиер.
Тој тврдеше дека ја има потребната поддршка за да остане, но рече дека тоа нема да биде правилно.
Сунак го пофали Џонсон за неговите постапки за време на пандемијата со ковид и војната во Украина. Ако биде избран, Сунак ќе биде првиот премиер со индиско потекло во Обединетото Кралство.
