Енергетска криза

Ковачевски: Србија ќе ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас

24.10.2022 09:48

Посочува дека преку политиките на добрососедство, тесната соработка во рамки на Отворен Балкан и преку партнерскиот однос, обезбедена е поддршка онаму каде најмногу треба...

Србија ќе ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас, соопшти вчера премиерот Димитар Ковачевски.

Ветив дека ќе направиме се и дека ќе работиме секојдневно за никој да не мора сам да се справува со оваа криза. Струја, енергенси и храна мора да има за сите. Токму затоа, по интензивна комуникација со колешката Брбаниќ, официјален Белград реши да ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас, напиша Ковачевски на „Фејсбук“.

Посочува дека преку политиките на добрососедство, тесната соработка во рамки на Отворен Балкан и преку партнерскиот однос,  обезбедена е поддршка онаму каде највеќе треба, односно компресиран гас за училиштата и болниците во многу градови низ земјата.