Енергетика

Во изминатите 24 часа ЕСМ во целост произведе струја за домаќинствата и за малите потрошувачи

24.10.2022 10:51

Во Термоелектраните произведени се 6.896 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.813 MWh.

АД ЕСМ на 23.10.2022 година произведе 10.709 MWh електрична енергија. Во Термоелектраните произведени се 6.896 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.813 MWh. 

АД ЕСМ во изминатото деноноќие целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети, информираат од владината прес- служба.