Дарителите на органи ќе се лекуваат без партиципација до крајот на животот
На партиска пресконференција на ВМРО-ДПМНЕ Маја Парнарџиева Змејкова најави сет на проекти наменети за унапредување на трансплантацијата, надоместоците за боледувања и целосна автоматизирана електронска комуникација со Фондот за здравсвтено осигурување

Секој човек кој ќе дарува орган или коскена срцевина да биде доживотно слободен од плаќање на партиципација, исто како крводарителите.
За овие луѓе се предвидени бесплатни медицински испитувања поврзани со трансплантацијата,односно државата ќе им ги покрие и трошоците за партиципацијата.
Преку национална кампања континуирано ќе се подигнуваме јавната свест за значењето на трансплантацијата и дарителството – како највисок хуман акт во општеството со активно вклучување на невладини и претставници на верските заедници. Овие мерки треба да овозможат помал број на пациенти на дијализа, како и подобрување на квалитетот на животот на пациентот кој ќе биде трансплантиран, водење на нормален живот наместо да биде врзан на дијализа секој втор ден.
За поквалитетна дијализатаи нејзино унапредување унапредување ќе се контролира теренски и преку специјален софтвер. Планирано е отварање на 5 регионални нефролошки пунктови во Р. Македонијасо цел рано откривање на бубрежните заболувања ипациентите да не патуваат до Скопје, како и третата смена во дијализните центри за пациентите што одат на работа.
,, Најавуваме и голема инвестиција во опрема, инфраструктура и кадар со цел да ја развиеме во Македонија и трансплантацијата на коскена срцевина од несроден дарител на Клината за хематологија и Институтите за Трансфузија и за Имунологија“-рече Парнарџиева- Змејкова
Другиот голем проект што го најави е поефикасна исплата на породилните надоместоци и боледувањата
,,Иако Фондот во изминатиот период успеа, како никогаш досега навремено и редовно да ги исплатува боледувањата или породилните надоместоци, сепак тие се исплатуваат согласно закон откога фирмата во која работат исплатила плата (значи повторно има разлика во времето на прием на плата и надоместокот од Фондот). За таа цел, одиме чекор понапред со новиот проект, по примерот на Словенија, со кој ќе се исплатат надоместоците за боледувања и породилните отсуства преку фирмите во исто време со платите на вработените во фирмата, додека ФЗО ќе го компензира трошокот на работодавачот. Проектот ќе се одвива на следниот начин, фирмата му го исплаќа надоместокот на вработениот, а Фондот на фирмата. Со овој проект ќе се обезбеди континуитет во приливот на средства на граѓаните во услови кога им се најпотребни во ист датум како и платата на нивните колеги. “ рече Парнарџиева-Змејкова
Последниот сет на проекти се електронски услуги и автоматски пријави, наменет за сите осигуреници.Освен комплетна замена на хартиената книшка рецепти и упати, опфаќа и8 електронски потврди за крводарители,барања за сите боледувања, ослободувања од партиципација, медицинска рехабилитација, ортопедски помагала, Автоматска достава на потврди за редовните студенти, и за пријава и одјава за здравствено осигурување.
Соња Стојановска
