Украина

Русите се обидуваат да го изолираат Херсон пред украинската контраофанзива

24.10.2022 13:35

Украинскиот претседател Зеленски изјави во неделата дека единствено Русија е способна да користи нуклеарно оружје во Европа. Ги критикуваше наводите на рускиот министер за одбрана дека Украина се подготвува за провокација со употреба на т.н. „валкана бомба“.

Украинската влада соопшти дека Русија се обидува да ги прекине телекомуникациите во Херсон за да ги спречи активистите и другите противници на руската окупација да испраќаат информации до вооружените сили на Украина. Информацијата доаѓа во момент кога руските сили се повлекуваат во западниот дел на регионот Херсон пред очекуваната украинска контраофанзива, чија цел е ослободување на главниот град на регионот.

Украинскиот претседател Зеленски изјави во неделата дека единствено Русија е способна да користи нуклеарно оружје во Европа. Ги критикуваше наводите на рускиот министер за одбрана дека Украина се подготвува за провокација со употреба на т.н. „валкана бомба“. 

„Во сите наши региони кои беа цел на вчерашниот руски терористички напад е обновена техничката можност за снабдување со електрична енергија. Им благодарам на сите кои неуморно работеа за да им донесе светлина на луѓето. Обновувањето на енергетските капацитети уништени од терористички напади е многу подолга и потешка задача. Но, со текот на времето и тоа ќе го обезбедиме“, изјави Зеленски.

Руските сили погодиле станбена област во јужниот украински град Миколаев, при што беа повредени најмалку пет цивили и причинета голема материјална штета.

„На почетокот плачев, беше многу страшно. Нозете се уште ми се тресат, тешко ми е да одам. Се уште не ми се верува дека тоа се случи.“

Улиците на Киев мирни додека градот се опоравува од силното руско бомбардирање. Рускиот претседател Путин рече дека нападите биле одмазда за експлозијата што го оштетила мостот што ја поврзува Русија со Крим.

Повоената обнова на Украина ќе биде „мисија на цела генерација“ за која е потребна стратегија како Маршаловиот план, нагласуваат германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен. Тие ја бранат таа теза ден пред германско-украинскиот економски форум во Берлин посветен на обновата на Украина.

 

Марина Ристова