66 нови случаи со Ковид-19 во последните три дена
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.916, бројот на оздравени пациенти е 334.073, на починати е 9.559, а бројот на активни случаи изнесува 284.

Министерството за здравство информира дека во последните три дена (од 21.10 до 23.10.2022) направени се 722 тестови, а регистрирани се 66 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 47, Прилеп – 7, Битола – 3, Куманово, Гостивар и Струмица – по 2, Кавадарци, Велес и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (66), регистрирани се 25 реинфекции. Регистрирани сe 66 оздравени пациенти од Скопје.
Во текот на изминатите три дена не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.916, бројот на оздравени пациенти е 334.073, на починати е 9.559, а бројот на активни случаи изнесува 284.
Досега во земјата се направени вкупно 2.180.374 тестирање на КОВИД-19.
