Тетово

Арифи: Наместо да го реши проблемот со кучињата скитници, Касами го релативизира

24.10.2022 17:15

Тетовецот Агрон Арифи кој беше нападнат од кучиња скитници, а за нападот беше објавена и снимка на социјалните мрежи, реагира на пресот на градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, кој кажа, дека на снимката не се гледа јасно дали лицето кое го нападнале кучиња, намерно ги испровоцирал, или навистина се нашол во незгодна ситуација. Наместо да го реши, градоначалникот Касами го релативизира проблемот, вели Арифи …

Изјавата на градоначалникот Касами е скандалозна, наместо да го реши проблемот што е во негова надлежност, тој го релативизира вели, тетовецот Арифи. Ако не верува во каков ризик живееме ние граѓаните, можам да му испратам уште неколку снимки, во кое јасно се гледа како страдаат тетовци од бездомните животни.

Градоначалникот Касами, викендов одржа прес-конференција, на која изрази сомнеж дека тетовецот намерно ги испровоцирал кучињата. Според него, никаде во ниту една институција, нема тетовецот поднесено пријави дека бил нападнат од кучиња скитници.

На последниот тендер за згрижувањето на бездомните животни кој го доби Здружението Амос, Општина Тетово, одвои пари за заловување и грижа за 80 кучиња скитници, а низ тетовските улици ги има четири пати повеќе.

Зоран Димовски