Риши Сунак- нов премиер на Обединетото Кралство
Првата задача на милијардерот, брокер со акции, ќе биде заздравување на британската економија. Сунак истоврено станува и лидер на британските конзервативци.

По потекло од Индија, Риши Сунак ќе биде новиот премиер на Обединетото Кралство. Ова го потврди Греем Брејди од Конзервативната партија, по повлекувањето на кандидатурата на Пени Мордон.
Првата задача на милијардерот, брокер со акции, ќе биде заздравување на британската економија. Сунак истоврено станува и лидер на британските конзервативци.
Сунак ќе биде првиот хинду премиер на Велика Британија, првиот со азиско потекло, прв кој не е припадник на белата раса и најмладиот по повеќе од 200 години, на 42-годишна возраст.
Тој сега има тешка задача да ја води нацијата низ економска криза што само се влоши со хаотичното наследство на Трас, која беше сменета по само шест недели на функцијата.
