Американски компании се интересираат за Македонија
Американските компании од средниот запад од областа на електрониката покажале интерес

Американските компании од средниот запад од областа на електрониката покажале интерес за инвестиции во Македонија, од каде би се покривале пазарите во Европа, Блискиот Исток и во Африка. Министерот за странски инвестиции Бил Павлески неодамна во Кливленд, Охајо и Индијанополис во Индијана на успешни бизнис форуми ги претстави можностите за инвестирање во Македонија.
Во знак на благодарноста кон сад за поддршката на независноста на Македонија, во македонската амбасада во Вашингтон по 4-ти пат се одржа концерт за празникот на благодарноста.
На концертот настапи македонскиот музичар Владимир Четкар којшто е доста познат на уметничката сцена во Америка.
На концертот присуствуваа поранешните американски амбасадори во Македонија, Лоренс Батлер и Филип Рикер како и претставници на дипломатскиот кор и американската стопанска комора.
Ирина Гелевска
