Свет
Штрајк на трговците и работниците во Иран, како поддршка на демонстрантите
24.10.2022 19:40
Најмалку 122 лица, вклучително и деца, се убиени во задушувањето на протестите, најголеми во Иран од 2019-та година.

Трговците и работниците во неколку поголеми градови во Иран стапија во штрајк, по протестите предизвикани од смртта на младата Иранка, Махса Амини, по нејзиното апсење поради непочитување на строгиот кодекс на облекување во исламската република, каде што жените мораат со хиџаб да ги покриваат главите во јавност.
Најмалку 122 лица, вклучително и деца, се убиени во задушувањето на протестите, најголеми во Иран од 2019-та година.
Иранките, многу од нив со непокриени глави, го предводеа протестното движење, извикувајќи антивладини слогани и се судрија со полициските сили.
