Економија
Вицепремиерот Битиќи на конференција на „Економист“ во Приштина
25.10.2022 09:29
Панел дискусијата на која ќе учествува вицепремиерот Битиќи е на тема „Раст и развој на Западен Балкан“...

Зменик- претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска, вторник, ќе учествува на панел дискусија во рамките на конференцијата на „Економист“ во Приштина – „Самит на земјите од Западен Балкан 2022, градење мостови за мир, напредок и солидарност“.
Панел дискусијата на која ќе учествува вицепремиерот Битиќи е на тема „Раст и развој на Западен Балкан“.
