ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја влече Македонија во банкрот
Политиката на СДС ја влече Македонија во бездна и банкрот. Погрешните политики на СДС ги иселија граѓаните. Здравството тоне, образованието е руинирано, на инфраструктурно поле се стагнира.

Според Светска Банка Македонија ја очекува рецесија, СДС ја влече Македонија во банкрот, секоја година долгот поголем од растот за над 100 милиони евра. Според Светска Банка, Македонија има највисока инфлација до сега, но и најнизок раст на БДП, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека СДС ја влече Македонија во бездна, банкрот и иселување. Пет години како СДС е власт, јавниот долг е зголемен за повеќе од 2,5 милијарди евра. Секоја година генерираат нов долг од над 500 милиони евра. А во исто време растот на БДП е околу 400 милиони. Секоја година со СДС повеќе се задолжуваме отколку што има раст економијата.
Политиката на СДС ја влече Македонија во бездна и банкрот. Погрешните политики на СДС ги иселија граѓаните. Здравството тоне, образованието е руинирано, на инфраструктурно поле се стагнира.
Сѐ што прави СДС е само поткусурување со македонските национални интереси- стои во соопштението.
