Русија тврди – Киев подготвува „валкана бомба“
Руското МНР тврди дека Украина веќе почнала да го спроведува планот за провокација со употреба на т.н. „валкана бомба“...

Руското МНР тврди дека Украина веќе почнала да го спроведува планот за провокација со употреба на т.н. „валкана бомба“. Портпаролката Захарова изјави дека раководството на Комбинатот за рударство и преработка на Источна планина и Киевскиот институт за нуклеарни истражувања добиле задача да направат таков експлозив.
Според информациите на Министерството за одбрана на Русија, во случај да биде активирана, во атмосферата би се прошириле радиоактивни изотопи на оддалеченост до 1.500 километри. Москва го повика генералниот секретар на ОН Гутереш да го спречи ова сценарио. Меѓународната агенција за атомска енергија праќа инспектори во украинските нуклеарни погони.
