Западен Брег
Израелските сили усмртија Палестинци
25.10.2022 09:49
Неколкумина Палестинци се убиени во судирот со израелските безбедносни сили кои влегоа на неколку локации на Западен брег...

Неколкумина Палестинци се убиени во судирот со израелските безбедносни сили кои влегоа на неколку локации на Западен брег. Дваесетина се поведени при рациите во градот Наблус.
Израелската страна тврди дека рацијата била извршена во зграда која се користела како седиште за производство на експлозиви на локалната група „Лавовско дувло“. Палестинскиот претседател Абас бара помош од САД.
