Либан

Неделава потпишување на договорот со Израел за морската граница

25.10.2022 09:50

Либанскиот претседател Аун ја смета спогодбата за важно постигнување со кое му се вратени 850 квадратни километри морска територија, но нагласи дека тоа не значи автоматско нормализирање на односите со Израел...

„Договорот за морска граница меѓу Израел и Либан, склучен со посредство на САД, ќе биде потпишан в четврток“ – соопшти израелскиот премиер Лапид, додавајќи дека неговата земја наскоро ќе стане важен снабдувач на гас за Европа.

Либанскиот претседател Аун ја смета спогодбата за важно постигнување со кое му се вратени 850 квадратни километри морска територија, но нагласи дека тоа не значи автоматско нормализирање на односите со Израел.

Договорот е значаен компромис меѓу соседните земји кој им отвора можности за истражување на извори на енергија, но и намалување на тензиите.