Загреб

Џафери учествува на Првиот парламентарен самит на Меѓународната платформа за Крим

25.10.2022 10:02

На самитот, на кој ќе биде инаугурирана парламентарната димензија на Кримската платформа, се очекува учество на повеќе од 50 парламентарни делегации од земјите учеснички и меѓународните организации кои ја подржуваат платформата.

Спикерот Џафери, учествува на првиот Парламентарен самит на Меѓународната платформа за Крим, што се одржува во Загреб, во организација на хрватскиот Сабор и Врховната рада на Украина.

На самитот, на кој ќе биде инаугурирана парламентарната димензија на Кримската платформа, се очекува учество на повеќе од 50 парламентарни делегации од земјите учеснички и меѓународните организации кои ја подржуваат платформата.

На крајот на самитот се очекува учесниците да усвојат заедничка декларација.

Меѓународната платформа за Крим е формат за консултација и координација на земјите и меѓународните организации кои го подржуваат територијалниот суверенитет и интегритет на Украина. Има за цел деокупација на Крим.