Македонија

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен утре во посета на земјава

25.10.2022 11:38

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, утре доаѓа во Македонија, во рамките на балканска турнеја. Лично ќе го претстави финансискиот пакет за справување со енергетската криза...

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, утре доаѓа во Македонија, во рамките на балканска турнеја. Лично ќе го претстави финансискиот пакет за справување со енергетската криза.

На 19-ти октомври, министерот за економија Бектеши, го потпиша писмото со барање за помош од Европската комисија за справување со последиците од енергетската криза, од кои, еден дел се однесуваат за поддршка на ранливите категории.

Определена е милијарда евра, 500 милиони ќе бидат за заедничка регионална поддршка. Сè уште не е познато колку ќе добие секоја од земјите на западно-балканската шесторка.