Што ќе гледате утре во „Македонија наутро“?
Дали да се биде другар или родител на детето е вечната дилема на сите родители. Редовната рубрика „Мој психолог“ ја посветуваат на овие прашања на кои одговор добиваме од психологот Вида Гавриловска.
Економската криза нѐ погодува сите без исклучок. Бизнисите пред предизвик плус како ќе се издржи со трошоци многу поголеми од што можат да се поднесат. Како преживуваат занаетите во главниот град и колку занаетчиската комора нуди помош и поддршка дознаваме од извршната директорка Анета Атанасовска.
Дали да се биде другар или родител на детето е вечната дилема на сите родители. Редовната рубрика „Мој психолог“ ја посветуваат на овие прашања на кои одговор добиваме од психологот Вида Гавриловска.
Пожарникарите отсекогаш биле и ќе останат херои на градот, а нивната хуманост останува најголема гаранција за безбедноста и заштитата на нашите животи. Што значи да се биде пожарникар, какви сѐ предизвици носи професијата и колку ние како граѓани се однесуваме одговорно за да им олесниме ним, се од неодамна темите на кои гласно говори на социјалните мрежи пожарникарот Михаил Караколев.
Мрзливи, неинтелигентни, неспособни – вакви се најчесто етикетите кои им се лепат на децата во Македонија кои имаат потешкотии во учењето ,но без никој да знае дека всушност страдаат од дислексија. Инклузивното општество треба да има капацитет да ги исполни сите барања и потреби на сите нас вклучително и на лицата со дислексија и специфични тешкотии во учењето. Станува ли такво и какви промени ни се потребни, во месецот на дислексија зборуваме со Дамјан Николовски од здружението Ајнштајн.
„Македонија наутро“ почнува во 06:45.
