Економија

Нова инвестиција во Бунарџик- „YFA Automotiv“ ќе произведува инфлатори за воздушни перничиња

25.10.2022 12:33

Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, истакна дека со овој инвестициски проект од над 30 милиони евра државава покажала дека знае да биде достоен партнер за компании како АРЦ и Јанг фенг.

Инфлатори за воздушни перничиња ќе се произведуваат во новата фабрика во ТИРЗ Скопје 1- „YFA Automotiv“. Станува збор за американско- кинеска инвестиција во вредност од 30 милиони евра. Инвестицијата ќе овозможи над 100 нови вработувања, а производите ќе се извезуваат на европскиот пазар.

Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, истакна дека со овој инвестициски проект од над 30 милиони евра државава покажала дека знае да биде достоен партнер за компании како АРЦ и Јанг фенг.

Покажавме дека и мала држава како Северна Македонија може да донесе сериозни глобални играчи не со пари, не со сила, не со скапи кампањи, туку со паметен пристапи со слушање и имање разбирање за потребите на партнерите. Со новата инвестиција ќе овозможат пристојни услови за работа, и доста попристојни одлични услови за остварување на достојна живеачка за над 100 наши сограѓани, рече Деспотовски.

На свечесноста присуствуваат заменик шефот на Мисијата на САД, Ерик Мајер, кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо, како и првите луѓе на компаниите инвеститори.