Ковачевски ќе ја пречека претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен
Премиерот Ковачевски ќе ја пречека претседателката на ЕК, Фон дер Лајен на работна средба, на платото пред Владата.
Премиерот Ковачевски заедно со владина делегација ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лaјен. Како што најавија од владината прес- служба, посетата на Фон дер Лејен е планирана утре (среда) со почеток во 17:50 часот.
Премиерот Ковачевски ќе ја пречека претседателката на ЕК, Фон дер Лајен на работна средба, на платото пред Владата.
Владината делегација предводена од премиерот Ковачевски е во состав од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши.
Од МВР најавија посебен сообраќаен режим за утре и задутре по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.
