Предлогот Пенов да биде нов министер за локална самоуправа пред пратениците
Пред пратениците предлогот на Ковачевски, Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа. По повеќе од десет години, Пенов повторно се враќа на политичката сцена...

Собранието денеска се очекува да отвори дебата за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа, откако Горан Милевски поднесе оставка на функцијата од лични причини.
Изборот на Пенов е на дневен ред на продолжението на 88-та седница, на која денеска се најавува и присуство на премиерот Димитар Ковачевски.
Пенов е поранешен пратеник и градоначалник на Скопје. Еден од основачите на Либерално-демократската партија и нејзин поранешен претседател. Магистрирал на Правниот факултет во Скопје, а дипломирал на Економскиот факултет.
Со седницата ќе претседава потпретседателот Горан Мисовски, поради тоа што спикерот Џафери е на конференција во Загреб.
На дневен ред на 88-та седница се и законите поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законот за здруженија и за политичките партии и друго.
