Правда

Тупанчески: Постојат инструменти и механизми за откривање незаконски стекнат имот

25.10.2022 13:32

Министерот за правда, Тупанчески вели дека активно ќе се вклучат во неговото изготвување и очекува брзо да се донесе. Сепак, тврди дека има инструменти и механизми за откривање незаконски стекнат имот.

Драфт верзијата на новиот Закон за утврдување на потеклото на имот е во финална фаза. Европската комисија во последниот извештај забележа дека се доцни со неговата имплементација.

Министерот за правда, Тупанчески вели дека активно ќе се вклучат во неговото изготвување и очекува брзо да се донесе. Сепак, тврди дека има инструменти и механизми за откривање незаконски стекнат имот.

„Имав средба со претседателката на Антикорупциската комисија, разговаравме и за Законот за утврдување на потекло на имотот и би требало драфт верзијата да биде готова. Очекувам, во најскоро време и ние како Министерство за правда не само да бидеме запознаени, туку да дадеме и свој придонес. И без овој закон, во моментов постојат инструменти и механизми за докажување и откривање на состојбата на незаконски стекнатиот имот“, изјави министерот Тупанчески.