Штип

Караванот „Собрание за граѓаните“ во Штип

25.10.2022 13:36

Го слушаме гласот на граѓаните и редовно комуницираме со нив, велат пратениците од Штип. Но често од нас бараат решение за проблеми кои се во надлежност на локалната власт. Граѓаните со став дека во Собранието се води висока политика и дека се забораваат проблемите на граѓаните, а најголема штета трпат најранливите категории...

Пратениците се наши претставници во Собранието, но во нивната меѓусебна борба заборавија на лицата со посебни потреби. До сега ниту еден собраниски состав не донесе соодветен закон за овие лица, велат од здружението „Сплотени срца“.

И здруженијата на слепи лица не се задоволни од актуелните законските решенија. Бараат измени на законот кој предвидува асистенти за слепите само до 65 години. Се борат и за социјална пензија.

Пратениците од Штип велат дека редовно комуницираат со граѓаните.

За поголема транспарентност и јакнење на комуникацијата од Штип тргна парламентарниот караван „Собрание за граѓаните“.

Славица Величковска