Национална развојна стратегија
Бизнис секторот во државата кова план за развој за наредните 20 години. Фелата со свои видувања, што недостига и што треба Владата да помогне за државата да оди напред...

Менаџирање со енергенсите, човечкиот потенцијал и ликвидноста на фирмите, ова се предизвиците со кои се соочува бизнис-заедницата во земјава. Коморите очекуваат од Владата, освен со мерки за заштита на најранливите категории, да излезе и во пресрет на стопанството и да ги прифати нивните сугестии за полесно справување со енергетско-економската криза, во спротивно велат, може да се случи колапс на стопанството. Утврдување на плафон на цената на струјата е едно од барањата на компаниите. Според Исени без економски развој, невозможен е економски раст.
Клучни прашања за развој на земјава се претприемаштвото, човечките ресурси, финансиската одржливост на фирмите, макроекономската стабилност, но и справувањето со инфлацијата, долгот, сивата економија.
Според Григоријан оваа Национална стратегија ќе биде добра основа за развој на останатите општествени области.
Марина Т. Стојанова
