Нова инвестиција вредна 30 милиони евра, над 100 нови вработувања
Инфлатори за воздушни перничиња ќе се произведуваат во новата фабрика Бунарџик. Станува збор за американско-кинеска инвестиција во вредност од 30 милиони евра. Инвестицијата ќе овозможи над 100 нови вработувања, а производите ќе се извезуваат на европскиот пазар…

Инфлатори за воздушни перничиња ќе се произведуваат во фабрика во индустриската зона во Бунарџик. Американско – кинеската инвестиција тешка 30 милиони евра, ќе донесе вработувања за 100 луѓе, а производите ќе се извезуваат на европскиот пазар.
„Се залагаме за создавање на долгорочен и одржлив изглед, и ќе бидеме агенти за промена на автомобилскиот простор во снабдувањето со внатрешни компоненти, безбедноста на електрониката итн. Верувам дека со текот на времето, сето ова ќе прерасне во целосно интегрирано решение. Тоа беше споменато и претходно, нашата идеја е – кога ќе отворите врата сè што ќе видите во возилото, сите делови да бидат произведени од нашата компанија“, изјави Мајк Хејк, менаџер.
Директорот на слободните зони Деспотовски истакна дека со паметен и флексибилен пристап земјава докажала дека може биде достоен партнер за глобални играчи и светски компании.
„Со новата инвестиција ќе овозможат пристојни услови за работа, и доста попристојни одлични услови за остварување на достојна живејачка за над 100 наши сограѓани. Само оваа година компанијата ги зголеми платите за 20 проценти, и ќе ги охрабрам тоа да го прават и понатаму“, рече директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.
Со новиот владин концепт за привлекување инвестиции во последните 18 месеци се постигнати договори од 620 милиони евра, а од почетокот на годинава заклучно со септември во ТИР-зоните се отворени 1.600 нови работни места, вели премиерот Ковачевски.
Анита Димитријевска Велковска
