11 нови случаи на Ковид-19, починале 2 лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа...

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 248 тестови, а регистрирани се 11 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 9, Прилеп и Штип – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (11), регистрирана е една реинфекција.
Регистрирани се 56 оздравени пациенти од: Скопје – 21, Прилеп – 9, Битола – 8, Куманово, Кавадарци, Велес, Охрид и Штип – по 3, Неготино – 2, Тетово – 1.
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се 2 починати лица од Скопје. Починатите лица се на возраст од 66 до 80 години. Едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 21.10 до 22.10.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.180.622 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.927, бројот на оздравени пациенти е 334.129, на починати е 9.561 а бројот на активни случаи изнесува 237.
