Македонија

МВР: 37 санкции за непрописно вградени фолии

25.10.2022 15:33

Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата...

Во периодот од 17.10.2022 до 23.10.2022  Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.

При контролата санкционирани се 37 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.